Над 100 лекари го напуштија Косово за четири месеци

EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Според претседателот на Лекарската комора на Косово Плеурат Сејдију, бројот на лекари кои го напуштиле Косово во првите четири и пол месеци од годинава е поголем отколку во истиот период лани, пренесува РТК.

Како што наведува Сејдиу, 104 лекари за четири и пол месеци добиле документација за склучување договори во земјите од Европската унија.

Претседателот на Стопанската комора на Косово, Љуљзим Рафуна, посочува дека и бизнисмените се соочуваат со недостиг на работна сила поради миграцијата.

„Од првиот ден апелираме да се забрза реформата во образованието, да се поврзат квалификациите со барањата на пазарот на трудот“, рече Рафуна.

Претседателот на синдикатот на приватниот сектор, Јусуф Аземи, вели дека во последните осум години, една петтина од жителите на Косово заминале во странство.

„Најголемото игнорирање на косовските работници во приватниот сектор беше направено за време на пандемијата и по пандемијата“, рече Аземи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот