Над 100 илјади протестанти во Берлин против политиките на екстремната десница

Масовни протести викендов во Германија за забрана на десничарската Алтернатива за Германија/Фото: snapshot-photography/K M Krause/ / Shutterstock Editorial / Profimedia

Повеќе од 100 илјади луѓе се собраа во Берлин на демонстрации против партијата Алтернатива за Германија (АфД) и екстремната десница, јави ДПА.

-Повеќе од 150.000 луѓе во моментов се на лице место, напиша полицијата денеска попладне на платформата за социјални медиуми „Х“. Организаторите зборуваа за околу 300 илјади учесници.

Акцијата против омраза и нетолеранција е поддржана од сојуз наречен „Рака под рака“ на повеќе од 1.300 организации.

Веќе неколку недели, десетици илјади луѓе излегуваат на улиците низ цела Германија за да протестираат против десничарскиот екстремизам поттикнат од состанокот на екстремистите во Потсдам надвор од Германија, каде што се разговараше за концептот на „ремиграција“, имено депортирање на голем број на луѓе од странско потекло, дури и под принуда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот