Национално тестирање за сите основци од април

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

За еден месец започнува нациоално тестирање во основните училишта ширум земјава, а основната цел на тестирањерто ќе биде да се проверат знаењата на учениците по математика и по јазик.

Ова тестирање најпрво ќе се спроведе како пилот проект и ќе опфати 4.000 третооделенци, со што надлежните ќе направат анализи кои ќе покажат во кои области треба да се подобри системот во основото образование.

Од Државниот испитен центар (ДИЦ) информираат дека добиените резултати нема да им го нарушат или подобрат резултатот на учениците, туку овие резултати ќе бидат земени како основа за анализи и понатамошни промени.

– Веќе имаме и нови реформи во основното образование, па кога ќе се креираат и наставните програми коии ќе бидат основа за новата Концепција, важно е да се знае на кои делови треба да посветиме повеќе внимание, со цел да го подобриме образованието во целост – велат од ДИЦ за Слободен печат и додаваат дека по националното тестирање ќе се прават дополнителни анализи врз осова на добиените резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот