Национална опера и балет: Назначен е нов раководител на операта

Националната опера и балет соопшти дека за нов уметнички раководител на Операта е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до јануари 2021 година. Мицко Дамњановски дипломирал на Факултетот за музичка уметност, отсек – туба, во 2002 година, а магистрирал на Кралскиот конзерваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба, во 2006 година.

Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската филхармонија. Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика „Фаме’с“, соработник е на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други), а како гостин тубист настапува со Нишкиот симфониски оркестар, Националната опера во Тирана, Црногорскиот симфониски оркестар. Основач е на „Брасстет Скопје“ во 2019 година со настапи на „Охридско лето“ и на други фестивали низ државата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-24 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот