Нацистички говори на Хитлер пуштани на патници во воз во Австрија

СП - Архива

На патници во воз во Австрија, наместо вообичаените железнички најави, им биле пуштани делови од говорот на Адолф Хитлер, пренесува Дер стандард“.

Национал-социјалистичките фрази како „Хајл Хитлер“ и „Зиг Хејл“ ги шокираа патниците, потврди портпаролот на железничкиот оператор „ОеББ“ по написот во весникот „Дер стандард“.

Тој рече дека истрагата утврдила оти двајца осомничени успеале да отклучат дел од вагонот во кој имало разглас, каде што потоа од мобилен телефон ги пуштале говорите на Хитлер.

„Сè беше пуштено многу гласно. Беше многу непријатно и вознемирувачко“, рече портпаролот.

Против двајцата осомничени, кои биле јасно идентификувани на камерите кога излегле од возот во Виена, почната е истрага. Не се знае како го добиле клучот, но исклучено е дека се работи за вработени во „ОеББ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот