На Табановце за излез се чека еден час, на ГП Богородица помалку

ГП Табановце / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на Граничен премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 9 до 20 август 2022  на патниот правец крстосница Маврово – Галичник Р- 2238 сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10 и 16 часот поради асфалтирање. Градежните работи ќе се изведуваат само во работни денови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот