На Табановце приведен скопјанец кај кого се пронајдени над илјада монети

Полицијата информира дека вчера на граничниот премин Табановце, при влез во државата е уапсен С.Ј.(51) од Скопје.
– При извршена дополнителна контрола на лицето, пронајдени се и одземени 1.120 парчиња различни видови монети. Со него бил извршен службен разговор во кој тој појаснил дека монетите му биле испратени по карго, по претходен договор со лица во Република Србија, од каде отишол да ги земе – информира полицијата.
Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе следува поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот