На Русија не ѝ се допаѓа зборот „платеник“ во нацрт-резолуцијата на ОН за Либија

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Според западните медиуми, Москва се обидува да го замени зборот „платеник“ во британскиот нацрт со – „странски терористички борци“ во член во кој се потенцираат „загриженоста“ на Советот за безбедност поради нивното „растечко присуство во Либија“.

Русија ја блокираше нацрт-резолуцијата во ОН за Либија одвивајќи го зборот „платеник“ во текстот, со што е малку веројатно дека Советот за безбедност ќе гласа до крајот на оваа недела.

-Неколку делови од резолуцијата се проблематични – изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, без да навлегува во детали, по седницата на СБ на ОН, итно побарана од Москва.

„Решивме да продолжиме со дискусиите со другите партнери во Советот за безбедност“, додаде тој.

Русија претходно го прекина процесот на одобрување на текстот што ќе овозможеше гласање денеска или утре.

Според западните медиуми, Москва се обидува да го замени зборот „платеник“ во британскиот нацрт со – „странски терористички борци“ во член во кој се потенцираат „загриженоста“ на Советот за безбедност поради нивното „растечко присуство во Либија“.

Од дипломатски извори се дознава дека Велика Британија, во разговорите што траеле повеќе од две недели, имала тешкотии не само со Русија, туку и со САД.

Вашингтон бараше во текстот експлицитно да се споменат „руски платеници од приватната Вагнер груп”, но подоцна го ублажи барањето и се согласи само на „платеници”.

Со месеци Русија е обвинета за учество во организирање на пристигнување на илјадници платеници на приватната руска група „Вагнер” во Либија, во борби за генералот Калифа Хафтар, кој се обидува да го заземе Триполи од април, но Москва негира каква било вмешаност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот