На површина од 3.500 метри квадратни во Аеродром ќе се гради една од најголемите полициски станици

Фото: Влада на РСМ

Во Аеродром денеска беше поставен камен темелник на Полициска станица кој ќе се гради на површина од 3.500 метри квардатни. Предвидениот рок за изградба на објектот е 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор, со вкупна вредност од околу 130.000.000 денари, предвидени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Фото: Влада на РСМ

На настанот денеска присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, Арбен Јашари.

Денеска овде поставуваме камен темелник на нов објект на Полициската станица Аеродром, која ќе биде една од најголемите во градот и ќе покрива подрачје со најголем број жители во метрополата. Проектот на новата полициска станица која овде ја градиме од темел е проектиран да се изведе на површина од 3.500 квадратни метри, каде ќе поставиме нов модерен објект што содејствува на предизвиците, меѓутоа и на потребите на граѓаните во Аеродром – изјави Ковачевски.

Фото: Влада на РСМ

Министерот за внатрешни работи, Спасовски во своето обраќање истакна дека ова е трет објект во низата нови градби на МВР. Тој изрази и задоволство што преку овој објект продолжуваат со концептот „Сината униформа дејствува за зелена околина“.

Фото: Влада на РСМ

Со тоа даваме свој придонес кон остварување на Владината политика за енергетска ефикасност, преку мерки и активности за ефикасно користење на енергијата, вршење на услуги за енергетска ефикасност, како и преку исполнување на обврските на јавниот сектор во поглед на енергетската ефикасност и заштедата на енергија – додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот