Фото: Euroleague

На повидок потрес: Тројца гиганти можат да ја напуштат Евролигата

Најсилната кошаркарска лига во светот планира да отвори европска филијала во 2027 година, а оваа вест сериозно ги вознемири структурите на Евролигата. Стравувањата дека може да изгубат дел од најголемите клубови на Стариот континент ги вклучи сите аларми, па почна трка со времето за обезбедување на иднината на натпреварувањето.

Тринаесетте акционери на Евролигата се во процес на потпишување нови договори кои треба да ја продолжат нивната верност по 2026 година, кога истекуваат актуелните спогодби. Иако летово беше најавено дека договорите се практично завршена работа, шпанскиот весник Мундо Депортиво доаѓа до поинакви информации.

Имено, Реал Мадрид, Барселона и Фенербахче, три од најмоќните европски клубови сè уште не ставиле потпис на нов договор, и покрај повиците од останатите клубови тоа да го сторат што поскоро, со цел сите заеднички да се насочат кон подготовките за сезоната 2026/27.

Дополнително, дел од тимовите кои веќе ги потпишале договорите побарале да се вметне и клаузула за евентуален излез, што покажува дека загриженоста околу иднината не е присутна само кај гореспоменатото трио.

Ситуацијата станува уште покомплицирана ако се знае дека одбивањето на новите услови би можело да значи дека Реал, Барса и Фенер ќе останат без европски натпреварувања најмалку една сезона. Сепак, постои и сценарио Евролигата да им дозволи учество во сезоната 2026/27, со надеж дека ќе ги убеди да останат дел од натпреварувањето и понатаму.

Крајниот рок за потпишување е 30 јуни следната година.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот