На Мета му дојде преку глава и вели „доста е со корупција“: Албанија е прва во Европа, а четврта во светот по баратели на азил

Албанскиот претседател Илир Мета објави фотографија на Фејсбук на која неговата земја е рангирана како лидер во Европа и четврта во светот по поднесени барања за азил за периодот 2010-2019 година.

Мета наведува дека неговата земја не заслужува да биде рангирана меѓу Сирија, Авганистан, Ирак и Иран и апелира да не се оди во погрешна насока. Како прв чекор за враќање во вистинската насока, албанскиот премиер бара да се почитува точка по точка од договорот од 5 јуни за изборните реформи и изборните листи да бидат 100 отсто отворени.

–  Доста е! Албанија не заслужува да биде рангирана меѓу овие земји. Албанија заслужува само европска иднина. Доста е со погрешен правец на авторитаризам, ароганција, корупција и глупост, што толку многу ги осиромашува и изморува Албанците и ги принудува да ја напуштат земјата. Да ја вратиме надежта со враќање на суверенитетот во рацете на народот, со 100 отсто отворени изборни листи и исполнување на сите услови на ЕУ, порача Мета преку објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот