На матурантите им се случува вистински хаос

Фото: Профимедиа

Секоја година има дополнителни часови за државната матура, секогаш било така, учениците се информирани што ќе се полага, се држат онлајн и дополнителни вежби, иако тоа не е доволно за да добијат трајно знаење, вели професорката по филозофија и етика Елвира Мустафа од СУГС „Никола Карев“ за „Слободен печат“, во врска со реакцијата на Македонскиот образовен форум (МОФ) дека на матурантите годинава им се потребни нови часови преку кои ќе им се обезбедат дополнителни информации и подготовка за матурските испити.

Според Мустафа, најголем проблем е бојкотот и вели оти тука учениците најмногу загубиле.

– Учениците треба да се подготвуваат за државната матура, имаат доста материјали, како по филозофија, така и по англиски и македонски јазик, но многу пропуштија со бојкотот. Тие се навистина збркани и, без разлика на тоа што часовите од бојкотот ќе се надополнуваат, имаме веќе и распоред, сепак мислам дека не се доволно подготвени за полагање и им се случува вистински хаос – додава Мустафа.

Во врска со барањето на МОФ да се воведе дополнителен термин за полагање на државна матура во јули за оние ученици кои нема да можат да присуствуваат на редовниот термин, Мустафа вели оти тоа треба да се случи.

– Треба да има уште еден термин во јули и да се направат неколку училници со повеќе наставници во секоја од нив. Во секоја училница да има по пет ученици со маски и на растојание за полагањето да биде безбедно – смета професорката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот