На Клиниката за гинекологија и акушерство денеска се отвора Центар за фетална медицина

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје денеска ќе биде отворен Центар за фетална медицина.

На настанот ќе присуствува и министерот за здравство Фатмир Меџити.

На 3 февруари годинава, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на РСМ, Министерството за надворешни работи на Република Грција и Фондацијата за фетална медицина.

Меморандумот предвидува соработка, согласно Програмата за фетална медицина за периодот 2022-2025 година, со кој се опфатени иницијативи за отворање и опремување оддел за фетална медицина, спроведување континуиран тренинг на доктори специјалисти, обезбедување едукативни материјали и услови за воспоставување телеконференциска врска меѓу клиниката и врвни експерти, супспецијалисти за фетална медицина од Европа и светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот