На Денот на републиката, Апасиев му изрази почит на Тито

По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори – Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата, се вели во соопштението на партијата Левица.

„Македонците и антифашистичката ИДЕЈА победија! Победија заедно со сите братски југословенски народи, за на 29-ти ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, партизаните ја прогласат прогресивната југословенска работничка држава, во која македонскиот народ за прв пат, национално ослободен и класно рамноправен со останатите југословенски братски народи, ќе го забележи своето историско место и цивилизациско право за градење на сопствена држава, без отчет кон туѓи интереси“, порачаа од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот