На 29 години: Почина познатата инфлуенсерка Ева Еванс

Ева Еванс / Фото: Инстаграм/Ева Еванс

Американската инфлуенсерка и режисерка Ева Еванс почина на 29-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината сестра Лила Џој на Инстаграм.

„Вчера моето семејство дозна дека нашата прекрасна, креативна, грижлива Ева, мојата прекрасна сестра, почина. Дваесет и четири часа подоцна, јас сè уште сум во процес на негирање и прифаќање, па знам колку оваа вест ќе биде неверојатна и тешка за прифаќање“, изјави таа меѓу другото.

Ева Еванс / Фото: Инстаграм/Ева Еванс

Ева Еванс беше ѕвезда на ТикТок, каде имаше повеќе од 300.000 следбеници.

Позната е и по серијата „Клабер“ („Club Rat“), која ја напиша, режираше и глумеше во неа. Снимена е во пет епизоди и објавена на филмската платформа Прајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот