На 25 години: Британска балерина почина од алергиска реакција, изела погрешно обележано колаче

Фото: Инстаграм/Go 2 Talent Agency

Британската балерина Орла Баксендејл почина на 25-годишна возраст, откако изела колаче кое погрешно било означено дека е без кикирики.

Баксендејл доживеала анафилактичен шок како резултат на тешка алергиска реакција додека јадела колаче од ванила на 11 јануари, изјави адвокатот на нејзиното семејство, Марио Адимеи, според „Њујорк пост“.

„Смртта на Орла настана како резултат на несреќен инцидент со консумирање колаче произведено од ‘Кукис јунајтед’ и продадено во ‘Стју Лионардс’ (синџир маркети), кое содржеше кикиритки“, изјави адвокатот.

Инцидентот доведе до повлекување на колачињата од продавниците.

Од синџирот маркети „Стју Лионардс“ изјавија дека од пекарата на Лонг Ајленд, од која ги купуваат колачињата, не ги известиле за промената на состојките во колачињата од ванила.

Од друга страна, „Кукис јунајтед“ истакнуваат дека објавиле дека има промена во состојките во колачињата.

Баксендејл е родена во Манчестер, Велика Британија, а се преселила во Њујорк во 2018 година.

Таа настапи за време на Модната недела во Њујорк, а соработуваше и со Линколн Центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот