МВР уапси двајца кичевци

Против уапсените од полицијата најавија дека ќе поднесат кривични пријави.

Коакаин, мариуана и кушршуми вчера беа пронајдени во домовите на двајца кичевци. Двацата се приведени и заработија кривична пријава.

Како што информира портпаролот на СВР-охрид Стефан Димоски, вчера по претходна негова согласност, полициски службеници од ОВР Кичево, извршиле претрес во домот на И.З. 58- годишен од Кичево, при што биле пронајдеби и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

– Вчера, при извршена контрола на ул.„11 Септември” во Кичево, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. Во врска со овој настан, приведен и лишен од слобода е А.К. 24- годишен од Кичево -, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот