МВР распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми

Фото: МВР/Принтскрин

Министерството за внатрешни работи, распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми кој е водач на криминална група од Грчец која се занимава со недозволена трговија со дрога и убиства. Покрај Шеваљ, МВР распиша потерница и по седуммина членови на криминалната група „Дуќанџик“.

-МУАРЕМИ ШЕВАЉ татко Азби мајка Азбије род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 с.Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 год .Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ, пишува на сајтот на МВР.

Кон крајот на јануари, МВР изврши голема полициска акција во Грчец, Дуќанџик,Чаир и други локации при што шестмина беа уапсени и уште едно лице во Шпанија, но сепак не и водачот Шеваљ Муареми кој заминал во Дубаи со целото семејството веднаш по убиството на неговиот другар и исто така водач на групата Јетон Кривањева-Жила во Шиша бар во скопската стара чаршија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот