МВР: Изменет и Правилникот за налепници „НМК“ на возилата

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до 31 декември 2024 е продолжен рокот за ставање налепница на која е испишана ознаката „НМК“ односно за замена на регистарските таблички кои ја содржат ознаката „МК“ и на оние кои немаат никаква ознака.

МВР наведува дека тоа е утврдено во измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, кои вчера (12 февруари 2024) се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

-Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името „Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот