„Мундо Депортиво“: Меси останува Европа, прва опција е ПСЖ

фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси и покрај разочарувачката елиминација на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите од Баерн, е најблиску до останување во Париз, тврди „Мундо Депортиво“.

Според информациите, 36-годишниот Аргентинец не сака да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да прифаќа богати понуди од Саудиска Арабија и САД.

– Постојано има гласини дека тој ќе оди Интер Мајами, Саудиска Арабија или ќе се врати во Аргентина и ќе игра за Њуелс Олд Бојс. Но, ништо од тоа нема да се случи. Меси останува во Европа – тврди „Мундо Депортиво“.

Исто така, враќање во Барселона не е реално поради финансиските проблеми на каталонскиот клуб.

Во „најлош“ случај, доколку не се договори со париските „светци“, Меси кариерата ќе ја продолжи во Италија, пишува шпанскиот весник. Потсетување дека Меси има важечки договор со ПСЖ до 30 јуни 2023 година.

Eвра: Да ја имаше Меси работната етика на Роналдо, ќе освоеше 15 „Златни топки“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот