Eвра: Да ја имаше Меси работната етика на Роналдо, ќе освоеше 15 „Златни топки“

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Споредбите на Роналдо и Меси веројатно нема да завршат ниту кога двајцата ќе се пензионираат, а сега свој коментар даде поранешниот соиграч на Роналдо, Патрис Евра.

Французинот во разговор на „Јутјуб“ со уште еден поранешен играч на Јунајтед, Рио Фердинанд рече дека работната етика е она што го изградило Роналдо, а смета дека доколку Меси ја имал истата како него, веројатно би освоил и 15 „Златни топки“.

„Сакам да објаснам зошто секогаш го бирам Роналдо пред Меси. Не е тоа затоа што го сметам за брат, туку затоа што сум вљубен во неговата работна етика. Бог на Меси му дал талент, Роналдо мораше напорно да работи. Така јас гледам на споредбите помеѓу нив двајца. Не сакам да кажам дека Роналдо не е талентиран, но ако не работеше така како што работеше, немаше да има таков успех“.

„Ако Меси ја имаше неговата работна етика, денес ќе имаше 15 „Златни топки“. Сакам луѓе кои се трудат и затоа секогаш за мене Роналдо ќе биде пред Меси“, заврши Евра.

Покрај Јунајтед, Евра во кариерата играше уште за Монца, Ница, Монако, Јувентус, Марсеј и Вест Хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот