Муцунски: Го зголемивме бројот на сезонски работници и ги зголемивме нивните примања

Фото: Општина Аеродром

Од Општина Аеродром најавуваат изградба на нови паркови и подобрување на хигиената на сите јавни површини

Се со цел подобрување на хигиената на целата територија на Општина Аеродром, во изминатиот период бројот на сезонски работници ангажирани од оваа скопска општина е зголемен.

– Откако ја преземавме локалната власт, приоритет ставивме на чистотата знаејќи дека беше сектор кој најмногу беше запоставен претходните четири години во Општина Аеродром. Преку секојдневна координација направивме сè во наша моќ за Општината одново да го добие стариот сјај: Го зголемивме бројот на сезонски работници, ги покачивме нивните примања, им овозможивме подобри услови за работа на луѓето кои се грижат за нашата заедничка чистота. Освен изградбата на нови паркови кои наскоро ќе почнеме да ги реализираме, фокус ставаме и на редовното одржување на веќе постоечките паркови бидејќи само така Аеродром ќе биде зелена и чиста општина – истакна градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот