Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Му успеа со Португалија, но не и против новиот голман на Вардар! (ВИДЕО)
Францускиот чувар на мрежата, Кантегрел според досегашните најави наскоро во Скопје ќе им прави друштво на Ристовски и Кизиќ…
Како што и се најавува, од следната сезона 2020/2021 Робин Кантегрел треба да ги брани боите на Вардар.
Препорачано
Овој француски голман во составот на „црвено-црните“ ќе им прави друштво на искусниот македонски репрезентативец Борко Ристовски и екстра талентираниот Марко Кизиќ.
Досегашниот клуб на Кантегрел, денеска Сесон Рен го потврди заминувањето на овој играч, а веднаш и ангажираше ново засилување, словенечкиот интернационалец Јоже Базник.
Кантегрел (25) доаѓа во Скопје, откако претходно не беа успешни обидите на Вардарци да го ангажираат Никола Митревски кој најави трансфер во Порто.
Во продолжение погледнете ги квалитетите на новиот голман на Вардар, кој во рамките од француското првенство ги одмери силите и со нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров (Нант).
Во еден нивни меѓусебен дуел, нашиот десен бек лани се обиде на еден феноменален начин да ја затресе мрежата на Кантегрел, но овој уште подобро реагираше.
Ваква иста ситуација, Лазаров имаше и со репрезентацијата, во 2013 година во квалификации за ЕП, но тогаш беше успешен трикот со десна рака против Португалците.
View this post on InstagramInspiration @spiderjanot16 ?⚽️? @munichsports
A post shared by Robin Cantegrel (@robinctgrl77) on
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5