МТСП: И за време на полициски час, жртвите на родово базирано или семејно насилство ќе можат да пријават на 192 и СОС линиите

Семејно насилство/ фото: Архива на Слободен печат

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 полициски час ( во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник),  Министерството за труд и социјална политика  известува   дека жртвите  на семејно насилство кои имаат потреба од помош,  поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700 која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE . 

Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство  „Биди безбедна”, е достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.  Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство  можат брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка.

МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно  законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.

Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.

Од МТСП ги  охрабруваат сите жени кои се соочуваат со каква било форма на родово базирано насилство или семејно насилство да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица. Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на родово базирано насилство или семејно насилство и ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите, дополнуваат тие. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот