Можна ерупција на најактивниот вулкан на Исланд

Вулкан на Исланд /. Фото EPA-EFE/GOLLI / ICELANDREVIEW MANDATORY CREDIT

Моментално најактивниот вулкан на Исланд, Гримсвотн, од денеска е под надзор на властите поради природниот феномен на голема глацијална поплава, што е можен вовед во ерупцијата на вулканот.

Падот на притисокот на вулканот предизвикан од протокот на огромни количества вода може да предизвика ерупција, како што беше случај во 1922, 1934 и 2004 година.

Но, глацијалните поплави можат да се случат и без да дојде до ерупција, слично на ноември 2021 година и октомври 2022 година.

Сместен под глечерот Ватнајокул, најголемиот во Европа, во недостапен дел на централен Исланд, вулканот Гримсвотн последен пат еруптираше во 2011 година.

Во последните месеци, сеизмичката активност на Гримсвотн е над нормалата, се вели во соопштението на организацијата одговорна за следење на вулканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот