Москва планира изградба на медински центар за Ковид-19 по кинески модел

Москва планира да изгради медицински центар за да спречи ширење на пандемијата на коронавирус, по примерот на Кина која во Вухан изгради болница со 1000 легла за 10 дена..

Новиот објект со 500 кревети, во слабо населен регион, на 50 километри од Москва, ќе „се направи според искуството на нашите кинески колеги”, рече Андреј Бочкарев, заменик-градоначалник на Москва.

Бочкарев, кој е одговорен за градежништвото, рече дека тоа ќе биде „еден од најмодерните” медицински центри.

Русија информира за 45 случаи на Ковид-19, без смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот