Москва коментира: Замрзнувањето на Северен поток 2 ќе нанесе непоправлива штета на руско-германските односи

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека одлуката на Германија за замрзнување на сертификацијата на гасоводот Северен поток 2 е неприфатлива и оти ќе нанесе непоправлива штета на нивните билатерални односи.

– Ќе доведе и до неизбежен и брз раст на цената на гасот, се наведува во соопштението на руското МНР.

Германија минатиот месец го запре Северен поток 2, преку кој требаше да се удвојат испораките на руски гас за Германија, откако Русија официјално призна два сепаратистички региони во Источна Украина.

Швајцарскиот оператор на гасоводот Северен поток 2, АГ нема поднесено барање за стечај, само компанијата ги отпушти вработените откако САД воведоа санкции.

Северен поток 2 со должина од 1.230 километри не започна со работа во очекување на германската сертификација. Но, процесот на одобрување беше замрзнат минатата недела поради ескалацијата на украинската криза.

Неколку големи компании најавија дека ќе се повлечат од нивните руски проекти, вклучително и Шел, која повеќе нема да учествува во Северен поток 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот