„Морски кокаин“: Мафијата тргува со риба која наводно лечи од сите болести

Во традиционалната кинеска медицина, се верува дека мочниот меур на рибата тотоаба има чудотворна лековита моќ, а најпознат е како лек за артритис, проблеми со циркулацијата и кожата, па дури и се смета за лек кој наводно ја зголемува плодноста и потенцијата кај мажите, пренесува хрватски „Експрес“.

Иако тие тврдења не се потврдени од науката, тоа не ги спречува мексиканските и кинески мафии да заработуваат десетици илјади долари со нелегална трговија на оваа риба, открива документарен филм на National Geographic, наречен „Морето на сенките“ (The Sea Of Shadows).

Единствен дом на рибата тотоаба е Кортезовото Море, кое го дели калифонискиот залив од континентално Мексико. Но, поради константниот лов на тотоабата умира и една друга риба карактеристична за овој регион, наречена вакитас. Се предвидува дека таа врста би можела целосно да исчезне во следните 12 месеци, а тоа што ја убива е ловот на „морскиот кокаин“, односно рибата тотоаба со која го дели живеалиштето и поради што често завршува во нелегалните рибарски мрежи.

Прочитајте и...  Мицкоски: Пред голема победа сме, заминува срамното и понижувачко време

Се верува дека од вакитас се останати само уште многу малку единки, а потребно е да се преземат итни мерки за да се спаси целата врста, предупредуваат научниците од Унивезитетот Сент Ендрус. Тие додаваат дека овој вид на риба не може да се размножува во заробеништво.

Рибарите нелегално ја ловат тотабата со користење на специјална мрежа, а поради тоа што вакитас и тотоаба се речиси со иста големина, и двете риби често завршуваат во рибарските мрежи.

И покрај тоа што мексиканските власти пред две години го забранија користењето на специјалните „gillnet“ мрежи за нелегален риболов, ловењето со нив и натаму продолжува. Најновото пребројување на вакитас во морето Кортез покажало дека останати се само шест примероци од оваа врста.

– Треба да се разбудиме како луѓе и да направиме сѐ што можеме. Секој од нас може да направи промена и да влијае врз целата планета – рече режисерот на „Морето на сенките“, Ричард Ладкани.

Прочитајте и...  Почна со работа фабриката за стакло „ГласФлекс“ во Тетово

На прашањето дали мексиканската морнарица направила доволно за да помогне во заштита на рибите и во отстранување на мафијата од Кортезовото Море, Ладкани откри дека влегол во конфронтација со еден адмирал кога камерата не снимала.

– Ми рече да ја тргнам камерата бидејќи тие луѓе знаат каде живееме. Знаат како му се вика ќерката, како му се вика сопругата, знаат сѐ за него. Тој стравуваше дека ако им направат нешто, тие ќе дојдат по нив и ќе ги убијат. И не само нив, туку и нивните семејства, а тоа е причината зошто не ги гонат – пренесе еден британски медиум.

Факти за за загрозената риба вакити

Вакитас се сместува во групата на китови тесно поврзана со делфините, но е најмала е од целото тоа семејство. Обично растат до должина од еден и пол метар, а живеат само во најсеверните води на морето Кортез на северозападот од Мексико.

Прочитајте и...  Белгија: Потрошени над 74 милиони евра за лекарски совети за време на пандемијата

Научно е забележана како врста во 1950-тите години, а првите записи настанале откако се пронајдени остатоци од оваа риба на бреговите на морето Кортез. Вакитас е многу „срамежлива“ и тешко може да се улови (освен со специјални мрежи), па затоа првите фотографии од ова животно се снимени дури во 80-тите години од минатиот век.

Како делфините, тие се движат благодарение на ехолокација, а научниците со помош на ехолокацијата и го проценуваат нивниот реален број. Спроведени се три големи визуелни истражувања за да се помогне во процената на популацијата на вакитас.

Нивната бројка константно се намалува и додека во 1997 година регистрирани се 567 единки од вакитас, до 2015 бројката е падната на помалку од 60, а до 2018 година се верува дека се останати само шест единки.

Прочитај повеќе

Демонстрантите се повлекоа, полицијата го опколи Собранието во Белград (ВИДЕО)

Слободен печат

Светски aгенции: Екстремистите со нападите ја предизвикаа полицијата и немирите во Србија

Слободен печат

Стефановиќ: Обид за насилно преземање на власта

Слободен печат

Шекеринска: Изјавата на Меркел е потврда дека сме на прав пат и можеме

Слободен печат

Мицкоски: Пред голема победа сме, заминува срамното и понижувачко време

Слободен печат

Вулин: Државата мора соодветно да одговори на насилството

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јеремиќ: Власта пушти хулигани да прават нереди и да предизвикуваат судири

Слободен печат

Села: Куманово е со раните на Алмир, ние ќе се бориме секој Албанец да добие држјавјанство со Алиајнса за Албанците

Слободен печат

Ахмети: Мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец

Слободен печат

Грција ублажи уште некои мерки воведени поради епидемијата од коронавирус

Слободен печат

Тачи в понеделник заминува во Специјалното обвинителство во Хаг

МИА Агенција

Полицијата во Белград ја презеде контролата врз главните пунктови околу Собранието

Слободен печат