Морнар преживеал 24 дена на отворено море јадејќи супа со кечап од позната фирма која ќе го награди со нов брод

Фото: Принтскрин - Инстаграм / Freepic

Морнарот Елвис Франсоа бил изгубен на отворено море неколку недели, живеел на кечап и супа што ја правел од коцки за супа. На 14 февруари американската компанија „Хајнц“ на социјалните мрежи објави дека сака да стапи во контакт со морнарот кој помина 24 дена на Карипското Море, јадејќи супа со кечап и лук во прав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heinz (@heinz)

Четириесет и седумгодишниот Елвис Франсоа бил спасен од припадници на колумбиската морнарица, а благодарение на помошта на новинарите од Доминика, сега ќе добие срдечен подарок од „Хајнц“ – нов чамец.

„Успеавме да стапиме во контакт со него и го разгледуваме најдобриот начин да му помогнеме нему и на неговото семејство. Ние „Хајнц“ и Елвис моментално работиме на логистичките детали за да му подариме нов брод“, изјави претставник на „Хајнц“ за Си-Ен-Ен.

Компанијата ја истакна централната улога на социјалните медиуми во помагањето да се лоцираат морнарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Geez Jerry Gry (@geezejerry)

„Сите кои споделија, лајкнаа, или коментираа на објавата на брендот помогнаа да се прошири веста и одиграа важна улога во пронаоѓањето на Елвис“, велат од „Хајнц“.

Франсоа го поправал својот брод во близина на островот Сент Мартин во декември кога неговиот брод беше однесен во морето. Тој им рекол на колумбиските власти дека нема доволно навигациски вештини за да се врати на брегот и поминал 24 дена изгубен на море.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heinz (@heinz)

Тој беше спасен откако авион ја забележа неговата едрилица со натписот „помош“ врежан во трупот на бродот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот