Морисон: Австралија е цел на кибер напад на „државен актер”

Австралија е цел на кибер напад на „државен актер”, насочен кон владата, администрацијата и корпоративните информативни системи, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон на прес-конференција во Канбера, пренесоа светските агенции.

Морисон посочи дека цел се „широк спектар организации”.

-Целта на нападот се организации од сите нивоа на владата и економијата, политичките организации, здравствените услуги, рече австралискиот премиер.

Тој не го идентификуваше државниот актер и не посочи технички детали, но, исто така, кажа и дека нема голема кражба на лични податоци.

-Нападите траат со месеци, но сега се интензивирани, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот