Моден престиж: Која е темата на годинашната Мет гала?

Ана Винтур / Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Годинашното издание на најпрестижниот моден настан на светот – Мет гала ќе се одржи на 1 мај, а темата ќе биде во чест на германскиот моден творец Карл Лагерфелд, кој почина во 2019 година.

Главниот и одговорен уредник на модното списание „Вог“, Ана Винтур изјави дека идејата за оваа тема се родила уште во 2019 година, непосредно по смртта на модната легенда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala (@themetgalaofficial)

Целосниот назив на изложбата, која ќе се биде поставена во музејот на уметноста „Метрополитен“, гласи: „Karl Lagerfeld: A Line of Beauty“. Инспирацијата за насловот доаѓа од теоријата за естетиката на Вилијам Хогарт од 1753 година, а изложбата ќе се фокусира на трансформацијата на 2Д скиците на Лагерфелд во 3Д облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Met Gala (@themetgalaofficial)

Во самиот музеј ќе бидат изложени повеќе од 150 креации на Карл Лагерфелд, со што ќе се опфати периодот на креативно насочување на модниот визионер во луксузните куќи „Клои“, „Фенди“ и „Шанел“.

Годинашната Мет гала ќе ја водат Дуа Липа, Пенелопе Круз, Роџер Федерер и Мајкл Коел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот