МО: Училиштата се подготвени за новиот начин на полагање на државна матура

Фото: МИА

Речиси сите училишта во државата се подготвени за новиот начин на полагање на државна матура. Исклучок е само едно училиште во Скопје, на кое се работи во моментот, истакна денеска државниот секретар во Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска.

Согласно начинот и просторот на полагање, оваа година има измени со тоа што учениците ќе полагаат во сали наместо во училниците како претходните години. Таа посочи дека целта е матурата да се спроведе на поефективен начин за разлика од претодните години.

„Државниот испитен центар заедно со државниот матурски одбор, веќе неколку пати одржаа состаноци, на кои беше разговарано за начинот на полагање на државна матура и прилагодување на простор, каде што учениците ќе полагаат матура. До сега немаме никакви проблеми сите училишта имаат фискулутрни сали, холови каде што учениците ќе полагаат матура. Имаме само проблем во Скопје, но наскоро тој проблем ќе биде решен и тие ученици ќе полагаат на отворен простор. Искуствата од минатата година покажаа дека контролата на учениците во затворени простории во смисол на користење на мобилни телефони, и поткажување не беше баш ефективен“, вели Казанџиска

Државната матура опфаќа задолжителен дел, изборен дел и проеткна задача. Таа служи за селекција на кандидатите за запишување на високо образование. Во Штип во средните училишта има пријавено 475 ученика кои ќе полагаат државна матура, 104 кои ќе полагаат завршен испит и тројца ученика кои ќе полагаат училишна матура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот