МНР: Македонски државјанин загина во сообраќајка во Италија, 12 патници од автобусот се повредени

Фото: Скриншот/Италијанска спасувачка служба

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим е информирано дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија.

-На лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани, соопшти МНР.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Италијанските медиуми јавија за страотната сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 9.30 часот на делницата Марке на А14 и се работи за несреќа во тунелот помеѓу три тешки возила, од кои едното се запалило, а едно лице загина.

-Во сообраќајната несреќа учествувале различни возила, вклучувајќи автобус и неколку автомобили: еден од патниците во автобусот загинал. По судирот избувнал пожар во камион кој превезувал алкохол. Пожарникарите од командите Асколи Пичено, Фермо и Мачерата биле на лице место со помош на три противпожарни возила, три цистерни, возило 4X4 со модул за вода, возило со течност за пена и резервоар за воздух. По несреќата, меѓу Фермо-Порто Сан Џорџо и Педасо веднаш настана редица од четири километри поради затворањето на делот погоден од несреќата кој потоа повторно се активираше по пет часа, соопшти италијанската новинска агенција АНСА.

-Повредените се пренесени во итната медицинска помош во Фермо, Сан Бенедето и во болницата Торет во Анкона, соопшти италијанската противпожарна служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот