МНР ја следи состојбата во Казахстан, во амбасадата двајца македонски државјани побарале помош

Немири во Казахстан
Немири во Казахстан / Фото: EPA-EFE/STR

Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и преку нашата Амбасада во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата.

И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации.

Само двајца наши државјани се обратиле до амбасадата досега, поради ситни потреби на чие барање е веднаш одговорено. Но, ниту еден од спонематите не се наоѓа во загрозена состојба.

Остануваат во сила препораките упатени до граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во Казахстан, а оние кои во моментот се наоѓаат во земјата да не ги напуштаат објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации поради влошената безбедносна состојба.

„Дополнително, информираме дека дипломатскиот персонал во нашата Амбасада во Нур-Султан не е загрозен и дека без прекин ги извршува работните задачи. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи случувањата во Казахстан и ќе излезе со дополнителни препораки за нашите државјани, доколку за тоа се јави потреба“, соопштија од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот