Мнозинството во битолскиот Совет ќе го одреди инспекторот за локална самоуправа

Како што и најави претседателката на Советот, Габриела Илиевска околу легалноста или нелегеалноста на прекинатата седница на Советот под нејзино претседателство и продолжението кое се одржа под претседателство на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Марица Тодоровска, конечниот збор ќе го даде државниот инспектор за локална самоуправа.

По пријавата на Илиевска, денеска во Општината Битола пристигна вишиот државен инспектор за локална самоуправа Раим Муслиу кој ќе изврши инспекциски надзор на седниците.

Тој на увид ја побара целата документација од одржаните седници и ЦД со снимените седници на Советот на Општина Битола.

Откако ќе ја видам целокупната документација, ќе ја анализирам постапката и дури потоа ќе споредам со тоа, што пишува во Законот за локална самоуправа, Деловникот за работа на Советот и статутот на Советот и дури потоа ќе го кажам мојот став со кој треба да излезам во јавноста во рок од осум дена. Со истиот откако ќе се произнесам, ќе ја известиме претседателката на Советот која поднесе барање за вонреден инспекциски надзор, изјави за медиумите инспекторот Раим Муслиу.

Со произнесувањето на Инспекторатот треба да се реши политичката криза во Советот на Општина Битола, кој во моментот работи со ново мнозинство и привремен претседавач.

Од резултатот на инспекцијата ќе зависи и работењето на локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот