„Многу ми е жал“: Луис Капалди ќе паузира од јавни настапи по здравствените проблеми на Гластонбери

Луис Капалди
Фото: Oli SCARFF / AFP / Profimedia

Шкотскиот пејач Луис Капалди во саботата, на 24 јуни, настапи на музичкиот фестивал Гластонбери во Англија. Но, поради здравствени причини, тој едвај го заврши концертот и не можеше да ги изведе последните песни од музичкиот сет.

Капалди неодамна откажа неколку настапи од неговата концертна турнеја, со цел да се одмори и да закрепне – ментално и физички, а настапот на Гластонбери требаше да биде негово враќање пред публиката.

Пејачот, кој претходно отворено зборуваше за своите здравствени проблеми со анксиозноста и туретовиот синдром, сега се огласи на социјалните медиуми и објави дека ќе паузира од јавните настапи.

„Не ми е лесно да го напишам ова, но со големо извинување ве известувам дека ќе направам пауза од концертни настапи во догледна иднина. Јас уживав во секоја секунда од ваквите настапи и се надевав дека тринеделната пауза ќе ми помогне да се средам. Но, вистината е дека сè уште учам како да се прилагодам на мојата здравствена состојба, а случувањето во саботата беше очигледен показател дека треба да поминам повеќе време во средување на моето ментално и физичко здравје“, напиша Капалди на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Луис Капалди

Тој потенцираше дека ова е „најтешката одлука во неговиот живот“ и дека им се извинува на сите обожаватели кои планирале да присуствуваат на негов концерт до крајот на годината.

Како за крај, пејачот вети дека ќе ѝ се врати на својата публика „најбргу што може“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот