ММФ ги подобри проекциите за растот на македонската економија

Меѓународниот монетарен фонд ги подобри очекувањата за растот на македонската економија со есенските проекции. Во Светскиот економски преглед, кој го објави Фондот, растот на домашната економија за 2023 година е проектиран на 2,5% или за 1,1 процентен поен повисоко во однос на проекциите на ММФ од април годинава.

Во однос на стапката на инфлација, ММФ очекува истата да продолжи да се намалува годинава и следната година, додека во 2025 година истата би се вратила на историски ниските вредности од околу 2% и би се задржала на тоа ниво следните години.

Проекцијата на ММФ за раст на македонската економија е блиска до проекцијата при подготовката на Нацрт-Буџетот за 2023 година.

Очекувањата за растот во регионот во најголем дел се блиску до очекувањата за домашната економија (Бугарија 1,7%, БиХ, Србија и Словенија 2%, Грција 2,5% и Хрватска 2,7%), додека малку повисок раст се очекува во Албанија, Косово и Црна Гора (3,6%, 3,8% и 4,5%, респективно). На среден рок ММФ очекува забрзување на растот на домашната економија на стапки од 3,5%, намалување на долгот на општата Влада и стапката на невработеност – соопштуваат од Министерството за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот