Мкитарјан не им дава „мир“ на полицајците во Баку (ВИДЕО)

принтскрин

Политичките тензии помеѓу Азербејџан и Ерменија придонесоа напаѓачот на Арсенал, Хенрик Мкитарјан да не биде дел од тимот на Арсенал во финалето на Лигата на Европа против Челси во Баку. Тој стравува дека ќе биде уапсен од страна на азербејџанските власти и поради тоа одлучи да не патува во Баку.

Но, иако Мкитарјан не е дел од тимот, тој не ја остана на „мир“ полицијата во Баку. Имено, на социјалните мрежи се појави снимка како полицајци во Баку запираат навивач на Арсенал кој се шеташе се дрес токму на Мкитарјан.

Полицијата прво го следеше навивачот, потоа го запре, го испораша и на крајот го пуштија да си замине, но самиот чин поредизвика тензија кај навивачите на Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот