Мизрахи: Клиниката за онкологија прекршила 37 закони и 31 законска одредба

Рашела Мизрахи-претседателка на анкетна комисија / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Претседателката на собраниската Анкетна Комисија за онкологија Рашела Мизрахи на денешната прес-конференција над 40 минути цитираше закони и подзаконски акти кои, според неа, биле прекршени од страна на сите здравствени институции. Таа потенцира дека бил укинат контролниот механизам, поради што било, како што рече, загрозено уставното право на граѓаните на еднаква здравствена заштита и се создал амбиент за, како што рече, „здравствен башибозук“.

Мизрахи на Анкетната Комисија презентираше свој личен став и став на пратеничката група на Вмро-Дпмне според кој политичката одговорност е кај екс министерот за здравство Венко Филипче, екс директорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова, како и поранешните директори на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Таа ги прочита сите закони и подзаконски акти кои според неа, со пропуштање односно со непостапување овие лица ги прекршиле.

Но ваквиот став не беше ниту изгласан ниту поддржан од пратениците на СДСМ

Петседателката на Анкетната Комисија ја искритикува МАЛМЕД што на Анкетната комисија наместо документи за Онкологија им доставиле две кутии со по 1.900 страници архивски материјали за тоа како во земјава се набавувал инсулин. Таа информира дека до Владата пратиле барање за доставување документи за работат на Клиниката за онкологија, посочи дека такви материјали не доставиле од Владата.

Мизрахи истакна дека имаат сублимат дека од страна на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба.

Таа додаде дека два месеца „дише со законите за здравствена заштита“ и благодарение на тој посветен пристап, утврдила, според законите, кој е виновен и пропуштал дејствија.

Мизрахи истакна дека не е првпат пратениците на СДСМ да бараат оставка од нејзе, бидејќи, како што рече, ќе стои зад вистината и фактите.

„Моите заклучоци не се базирани ни на политика ни на вендета. Имаше нервозна атмосфера кога ги прочитав, иако само ја следев законската патека за тоа како требало да функционира системот, а не функционирал. Денеска побараа мое разрешување заради тие заклучоци. Не е првпат. Ќе стојам зад вистината и фактите“, рече Мизрахи.

Еден од заклучоците на пратениците на СДСМ беше да се променат законите, за што Мизрахи потенцира дека „не може да менувате закони и да тврдите дека се дефектни, а притоа воопшто не сте ги ни почитувале“.

За попладне е најавено да продолжи со работа денешното 15-то продолжение на Анкетната комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот