Митровиќ рекордер во англискиот Чемпионшип

Александар Митровиќ со импресивен рекорд во Чемпионшип/ фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Српскиот репрезентативен напаѓач и фудбалер на Фулам, Александар Митровиќ постави нов рекорд по бројот на постигнати голови во англискиот Чемпионшип во една сезона.

Тој денеска во натпреварот од 34 коло против Питерборо го постигна својот 32 гол од почетокот на сезоната.

На тој начин го надмина Иван Тони кој минатата натпреварувачка сезона стигна до бројката од 31 гол во дресот на Брентфорд.

Митровиќ го постигна денешниот погодок во 28 минута од мечот од пенал.

Со оглед на тоа што до крајот на оваа сезона има уште 12 кола, а и тоа дека Фулам и два одложени натпревари, Србинот има шанса да го подобри рекордот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот