Митреска: Девизните резерви се високи, денарот е стабилен

Ана Митреска
Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска / Фото: Народна банка на Република Северна Македонија

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

– Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот, рече Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема” на телевизија Телма.

Таа посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за нашата економија јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките што се водат и дека нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот