Министерот Филипче не ги загуби нервите дури и кога го прашаа за реновирање по дома

Прес конференциите на министерот за здравство Венко Филипче изобилуваат со транспарентност и честопати прашањата од новинарите траат долго.

Некогаш, тие се однесуваат и на теми кои немаат врска со коронавирусот и воопшто не спаѓаат во делокругот на неговиот ресор.

Така на денешната прес конференција на која Филипче информираше за состојбата со пациентите, најави групен карантин за 200 лица кои ќе дојдат во земјава и упати апели за почитување на мерките бидејќи станува збор за непредвидлив вирус еден од новинарите го праша и за реновирање.

-Со оглед на тоа што сега почнува онаа сезона за реновирање по дома, за луѓето да можат да планираат, сепак тоа не е процес што може да заврши за ден два, дали воопшто да почнат со реновирање будејќи влегуваат мајстори? Нека седат сега дома, има време за реновирање, смирено одговори министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот