Минатата година загинале 17 лица на работно место

Фото: илустрација / „Слободен печат“ - Драган Митрески

Лани на работно место загинале 17 лица, информираше вчера Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа.

Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога на работа загинале 12 лица. Но, Томовска потенцира дека во 2019, 2020 и 2021 година, бројот на загинати лица бил 17, односно ист како и лани.

„Бројот на колективни повреди во 2022 година бил 15, што е повисок од бројот на повреди во 2023 година. Ова зголемување на бројката на несреќи со смртни последици е резултат на тоа што сè уште треба да се работи на подигнување на свеста кај работниците за носењето на личната заштитна опрема, посебно кога станува збор за ризичните дејности, односно градежништво, каде што најчесто се случуваат несреќите со смртна последица“, изјави директорката на ДИТ.

Според неа, треба да се обрне внимание на почитувањето и на спроведувањето на мерките за безбедност и здравје при работа од страна на работодавците.

Фатална година за работниците на градилиште: Повредени 52 лица, од нив пет починати сите мажи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот