Милошоски за случајот „27 април“: ВМРО-ДПМНЕ не ги организираше протестите пред Собранието

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошски денеска во Кривичниот суд за случајот „27 април“ се појави како сведок. Според него, и сегашниот претседател на Собранието Талат Џафери морал на конститутивната седница морал да ја раздвои втората и третата точка поради тоа што не била избрана Комисијата за избори и именувања.

– Секогаш претседател на Собрание се бира на предлог на Комисијата за избори и именувања. Секој член на комисијата има право да предложи претседател на Собранието-објасни Милошоски .

Милошоски говореше дека не е можно да се прекине одредена точка додека не се исцрпат сите пријавени но секој пратеник има право да се откаже за што и тогашниот претседавач Вељаноски апелирал. Милошоски објасни и што се случувало при крајот на работниот ден на 27 април 2017 година.

– При крајот на денот претседавачот Вељаноски имаше состанок со координаторите на партиите по што донеле одлука седницата да трае до 18 часот и да продолжи следниот ден на 28 април. Нешто пред 18 часот Оливер Спасовски побара збор и рече дека има поддршка од десет пратеници и да се прејде на друга точка, но од Вељаноски добил објаснување дека тоа не е можно додека не се исцрпи бројот на пријавени – објасни Милошоски.

На прашање на обвинетиот Ристовски дали партијата на која и припаѓа ги организирала протестите пред Собранието, Милошоски рече дека немало таква одлука.

– Извршниот Комитет на партијата немаше одлука и организациски план за протестите, но им дававме морална подршка. Исто како што СДСМ немаше формална одлука но ги поддржуваше протестите на Шарената револуција – рече Милошоски.

Тој уште објасни дека на 27 април немал никакви контакти со Јанакиески и Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот