Милошоски: Нема да ја расипуваме забавата на власта

Фото: Слободен печат

На собраниската Комисија за европски прашања на која се дискутира за неуспехот на нашата земја со недобивањето на датумот за преговори, Милошоски реагираше на тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, не дошол на Комисијата за надворешна политика која ја води Милошоски.

– Министрите кои ширеа лажни вести сега ќе треба тоа да го објаснат. Дали е постигната целта? Не е постигната. Османи и Димитров ќе зборуваат за одговорноста на странски политичари и за Брегзит и Кина, а не за нивната одговорот. Тие ќе понудат манипулативни објаснувања, ќе се откажат од ланските изјави, но не и од функциите. Ние нема да учествуваме во ваква пародија. Денеска нема да ја расипеме вашата провладина забава, за вистинска дискусија дојдете утре на Комисијата за надворешна политика – рече Милошоски.

По оваа изјава пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

Следни ќе говорат министрите Димитров и Бујар Османи, кои ќе објаснат пред присутните што се случи во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот