Милош Биковиќ: Моите беа богати, но изгубивме сè, на мајка ми од првиот поголем хонорар ѝ купив стан!

Instagram
Милош Биковиќ / Фото: Инстаграм

Српскиот актер Милош Биковиќ, во моментов најактуелен на Балканот со хит серијата „Јужен ветар“, е еден и од најплатените и најомилентие актери во Русија.

Милош во интервју за рускиот магазин „Esquire“ откри детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот.

Фото: Инстаграм / @bikovic

Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.

  • Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвети на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“, раскажува актерот кој сега живее во Русија.

Мајката на Милош имала различен пристап кон неговата актерската кариера.

Милош и неговата мајка / Фото: Инстаграм

Биковиќ откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.

  • Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè. Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот. Мојот брат го почувствува тоа, призна Милош во разговорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот