Милосављев: По освоената титула со Вардар, во Скопје третираа како ѕвезда, ме гушкаа и ми бакнуваа раце

Дејан Милосављев во 2019 година со Вардар триумфира во ЛШ/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екипата на Вардар во 2019 година по втор пат триумфира во Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за големиот успех е голманот Дејан Милосављев, кој во интервју за српски „Журнал“ зборуваше за настапот на фајнал-фор турнирот во Келн како и за дочекот кој ракометарите го имаа во Скопје.

Милосављев со 18 одбрани блескаше во полуфиналето против Барселона кога „црвено-црните“ славеа со пресврт, додека во финалето го победија Веспрем со 27:24.

– Во тие три дена од фајналфорот едвај спиев, можеби и еден час дневно, а не ни јадев. Обично сум опуштен, не сум нервозен, мирен сум, но тогаш во Келн ги менував маичките на секои половина час бидејќи се потев. Чувствував одговорност бидејќи тимот ми веруваше и сакав да дадам се што можам во тој момент. Како некој да ме исфрли на покривот на Ланксес Арената кога ја освоивме титулата. Не знаев каде да одам, дали да одам во соблекувална или да се јавам на моите или да одам кај жена ми. Не знаев што да правам со себе – вели Милосављев.

Актуелниот голман на Берлин и на српската репрезентација, го памети и спектакуларниот дочек кој го имаа ракометарите по освојувањето на шампионската титула.

– Мислам дека тоа не го доживуваат ниту најголемите фудбалски или НБА екипи. Совршенство. Капата долу за оние луѓе кои навиваа за нас и нè пречекуваа. Македонија живее за ракометот, за Вардар. Ме третираа како ѕвезда, кога поминував на улица ме гушкаа и ми бакнуваа раце. Мајка ми секогаш кога ќе видеше нешто такво, плачеше од радост. Не ѝ се веруваше што ми се случува – додава Милосављев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот