Предлог десерт: Милфеј со бобинки

Оваа сабота искоритете ја да подготвите едно слатко задоволство за целото семејство. Наш предлог за денес е еден неодлов милфеј со бобинки.

Состојки:

  • 250 г лиснато тесто
  • 150 г прав шеќер, плус за посипување

За кремот:

  • 600 мл млеко
  • 1 лажица ванила екстракт
  • 4 жолчки
  • 75 г шеќер
  • 2 лажици нишесте
  • 150 г јагоди
  • 150 г малини
  • 150 г боровинки
  • 2-3 гранчиња рибизли

Подготовка:

Тестото поделете го на три дела и секој дел расукајте го во долг правоаголник, на работна маса посипана со шеќер во прав. Посипете ја површината на секое парче лиснато тесто со прав шеќер и ставете ги во сад за печење обложен со хартија. Печете го секое парче по 10-15 минути или додека се карамелизира на површината. Повторете ја постапката со останатите парчиња тесто и оставете ги да се изладат.

За тоа време направете го кремот – загрејте го млекото со ванила екстрактот во еден сад. Жолчките со шеќерот и нишестето измешајте ги. Половина од млекото сипете ја во жолчките и мешајте константно, а потоа оваа смеса додајте ја во садот со останатото млеко и варете на средна температура додека се згусне кремот.

Оставете да се излади готовиот крем во сад покриен со тенка крпа за да не се формира кора на површината. Во еден сад измешајте ги јагодите (ако се крупни исечкајте ги на половинки) со малините и со боровинките. На првата кора ставете од филот потоа ставете половина од мешаното овошје. Па ставете ја следната кора и втората половина од филот, а над него останатото овошје. Покријте со третата кора, посипете со прав шеќер и украсете со рибизлите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот