Милевски: Ерменците беа дојдени да се бранат, ние имавме проблеми во транзиција

Нашиот селектор Милевски вели дека следува анализа каде треба да се поправиме/Фото: Петр Стојановски

Македонската фудбалска А репрезентација одигра реми (0:0) против Ерменија денеска на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје во четвртиот настап од квалификациите за СП 2022.

Благоја Милевски дебитираше на клупата со освојување на еден бод, но повеќе значаен за Ерменците кои остануваат лидери во квалификациската група „Ј“.

– Им честитам на моите фудбалери кои покажаа како треба да се однесуваат кон националниот дрес. Првите 45 минути треба да ни бидат пример како да играме и во иднина. Во второто полувреме имавме контрола на топката, но недостасуваше тоа завршно додавање и реализација.

Зошто не успеавме во намерата да постигнеме гол, во следниот период ќе направиме анализа каде треба да се поправиме. Не беше лесно против Ерменците кои се добри организирани, дојдени да се бранат и ја остварија целта. Од наша страна имавме проблеми, особено во транзиција, но воглавно сум задоволен како изгледавме на теренот – вели селекторот на нашата сениорска селекција, Милевски.

Следниот петти меч во квалификациите Македонија ќе го има на 5 септември во Рејкјавик против Исланд.

„Сакавме победа, сакавме победа“, на крајот само бод против Ерменија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот