Милан Лазаревски ќе остане во РК Вардар најмалку до 2026 година

фото: rkvardar.com.mk

Пивотменот Милан Лазаревски ќе остане во ракометниот клуб Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и репрезентативецот на Македонија соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двете страни брзо се договорија за продолжување на верноста.

Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 27 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Македонија. Настапи на ЕП што сега се одржува во Германија, а каде Македонија играше во групната фаза.

Одличните игри, и во одбрана и во напад го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите македонски пивотмени.

– Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна – вели Лазаревски.

Клубот продолжува со задржување на играчите на кои смета и во иднина, со што костурот на тимот и во иднина ќе биде ист. Лазаревски е еден од неколкуте сегашни играчи што го продолжија договорот со Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот